Сите кандидати запишани на ФИНКИ кои имаат освоено награди од државни, меѓународни натпревари и олимпијади по информатика, математика или физика добиваат целосно или делумно ослободување од плаќање партиципација за студирање на ФИНКИ за сите четири години во вкупен износ од 800 евра. Наградата важи условно секоја година доколку студентот редовно ги полага испитите и постигнува просек од над 9.
 
Од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за учебната 2013/2014 година, ќе бидат доделени 240 стипендии. Корисници на овие стипендии, што традиционално се доделуваат секоја година, ќе бидат десетте (10) прворангирани студенти - бруцоши на секој факултет, со положена државна матурa. Стипендијата опфаќа покривање на трошоците на едногодишното студирање. Добитниците на стипендиите од УКИМ може да се видат во овој документ[PDF].