
Во рамките на Европската недела на бизнис ангели (EBAW 2013) првиот настан ќе одржи во Скопје на 15 ноември 2013 година, со почеток во 10.30 часот во хотел Александар Палас. На овој настан насловен како „Awaking Macedonian angel investment scene“ ќе се обратат познати лица од светската бизнис сцена, како Пауло Андреас, Душан Стојановиќ и Сенан Мкгарт.
Целта на настанот е да ги промовира можностите за инвестирање во Македонија и да се подигне свеста за ко-инвестирачките фондови, а главни теми ќе бидат бизнис ангелите и пристап до финансирање, презентација на новите европски фондови за мали и средни претпријатија, како и економските можности на стартапите во Македонија.
Заинтересираните студенти имаат можност да учествуваат на овој настан со праќање на барање за учество на webadmin@finki.ukim.mk со назнака УЧЕСТВО ЗА EBAW најдоцна до четврток, 14.11.2013 година до 15 часот. Повеќе детали за настанот можете да најдете на овој линк. Обезбеден е бесплатен влез за 30 студенти на ФИНКИ.