Кабинетот на Претседателот на Република Македонија објавува јавен повик за доставување пријави за избор на најдобар млад научник за 2013 година. Ова признание го доделува Претседателот на Република Македонија, како поттик на младата научна и истражувачка мисла во Република Македонија.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Документите за аплицирање се доставуваат до Кабинетот на Претседателот најдоцна до 31.12.2013 година. Повеќе информации за потребните документи за аплицирање можете да добиете во овој документ[PDF].