23/09/2015

Компанијата Allocate software објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
Allocate Software е водечки снабдувач на работни кадри и бизнис оптимизација на решенија за организации со големи високо квалификувани работни кадри. Компанијата произведува софтвер за менаџмент на ресурси и анализа на продукти од областа на медицината, одбрана и поморскиот сектор. Компанијата има седиште во Лондон, Велика Британија со други големи канцеларии во Шведска и Австралија.
Компанијата има потреба од Senior QA Engineer, QA Engineer и QA Engineer performance.
За подетални информации контактирајте со претставниците на компанијата.