Министерството за одбрана на Република Македонија отвори Конкурс за прием на кандидати за воени пилоти. За таа цел, претставници на Министерството ќе одржат презентација на ФИНКИ во петок, 17.04.2015 година, со почеток во 11 часот во Амфитеатарот на ФИНКИ. Поканети се сите заинтересирани студенти да присуствуваат на презентацијата.