Компанијата Smart Solutions објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
 
Smart Solutions, информатичка компанија од Скопје, партнер на водечките фирми во областа на информатичките технологии (Dell, Hewlett Packard, Adobe, Microsoft, Symantec, Cisco, VMware, Corel, Autodesk, ArchiCAD, Citrix и уште многу други), специјализирана за имплементација и поддршка на комплетни информатички решенија, има потреба од пополнување на следната работната позиција: Асистент менаџер за продажба и маркетинг на производите, услугите и решенијата коишто ги нуди компанијата.

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

    • Висока стручна подготовка - диплома од ФИНКИ (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство или од друга еквивалентна институција, со или без работно искуство 
    • Возачка дозвола (Б категорија)
    • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик- пишуван и говорен
    • Искуство во работа со компјутери - познавање на Microsoft Word, Excel, Power Point и користење на Интернет сервиси
    • Изразена комуникативност, одлични презентациски вештини и вештини на преговарање- искуство во подготовка и одржување на презентации ќе се смета за предност
    • Дополнителни обуки од областа на менаџмент на маркетинг и продажба ќе се сметаат за предност 
    • Организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност
Заинтересираните кандидати треба да испратат пријава со фотографија, кратка биографија на македонски и англиски јазик и копија од документите коишто го потврдуваат исполнувањето на горенаведените услови на e-mail: office@smartsolutions.com.mk или по пошта на следнава адреса:

Smart Solutions
ул. Октомвриска револуција бр. 4-3/1
1000 Скопје

Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето.

Повеќе информации за компанијата можете да прочитате на: www.smartsolutions.com.mk