На 06.05.2015 Стојче Димов ќе одржи предавање на ФИНКИ на тема The Machine. Предавањето ќе се одржи од 13:00 до 14:30 часот во Амфитеатарот на ФИНКИ. Подолу може да се најдат подетални информации за предавањет. Поканети се сите заинтересирани да присуствуваат.
Абстракт:
The Machine
До 2020 година, се предвидува дека во светот ќе има 30 милијарди уреди кои ќе генерираат огромна количина на податоци. За да може овие податоци да се соберат, процесираат, складираат и анализираат потребна е радикална трансформација на основите на компјутерското пресметување, затоа што моменталната архитектура не може да го подржи тоа.
HP работи на решение кое е нарешенo The Machine. За да се овозможи тоа, моделот на компјутер кој е стар повеќе од 60 години мора да биде напуштен. Границите на физиката мораат да бидат поместени, па за пресметување ќе се користат електрони, за комуникација фотони, додека јоните ќе се користат за складирање на податоци.
The Machine ќе ги спои меморијата и системите за складирање на податоци и ќе ги упрости сложените архитектури на податочните структури. Новата архитектура ќе овозможи квантен скок во перформансите и ефикасноста, со подобрена безбедност и намалени трошоци.
Стојче Димов, дипломиран електро инжинер, насока КТИА во 1995 година. 20 години искуство во ИТ индустријата на различни позиции, како програмер, систем инжинер, тим лидер и раководител на сектор. Од мај 2009-та година работи како Технички консултант за решенија за големи корисници за регионот Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Малта и Молдавија.