09/10/2015

Media Solutions, дигитална маркетинг агенција од Скопје објавува отворен конкурс за двајца извршители за работната позиција Account Manager и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Заинтересираните кандидати своето CV можат да го испратат на marketing@mediasolutions.mk со Subject: FINKI, најдоцна до 5.10.2015 година.
Работното место ги има следниве карактеристики:
· Контакти со клиенти, продажни состаноци, грижа за клиентите
· Подготвување понуди за маркетинг кампањи
· Составување и праќање промотивни мејлови
· Водење маркетинг кампањи преку повеќе интернет маркетинг канали
· Водење кампањи на Фејсбук
· Водење кампањи на Google AdWords и Google Display Network
· Водење кампањи на KeepAnEye
· Водење кампањи на Gemius платформите
· Пишување, дизајн и објавување Фејсбук постови за клиентите
· Дизајн на банери
· Подготвување извештаи за кампањите за клиентите
· Соработка со сајтовите во Македонија
Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:
· Завршено високо образование, или во последна година на студии
· Со или без работно искуство
· Активно познавање на англиски јазик
· Познавање на html и css технологија
· Активно познавање на Фејсбук
· Познавање на Adobe Photoshop, или слични апликации за дизајн на банери
Кандидатите треба да ги поседуваат следните способности:
· Социјални вештини
· Усно и писмено изразување
· Креативност
· Самоиницијативност
· Способност за тимска работа
Само кандидатите што ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор.