Во периодот од 20 до 22 мај 2011 година ќе се одржи LAN Fest Conference 2011, настан кој ќе претставува сеопфатен собир на ИКТ експерти од Македонија.
 
Целта на овој ИТ настан, прв од ваква природа во Македонија, е креирање поефикасна интеракција помеѓу ИКТ бизнис секторот со останатиот бизнис сектор и широката јавност во Македонија, а иницијативата за негово одржување произлегува од недостатокот на сеопфатни собири на ИКТ експерти на локалниот пазар во областа на нови услуги и технологии, како и желбата на младите да бидат дел од дигитални фестивали.
 
LAN Fest Conference 2011 ќе се одржи во повеќенаменскиот центар „Борис Трајковски“, во периодот од 20 до 22 мај 2011 година. Настанот се состои од четири под-настани:
 
   - Саем за информациони и комуникациски технологии

   - Конференции и предавања
   - Дигитален фестивал
   - Квалификации за World Cyber Games

 
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство е ко-организатор на настанот.
 
Повеќе информации за LAN Fest Conference 2011 можете да добиете на официјалната веб страна на настанот.