Во рамките на предметот Веб базирани системи, оваа среда Дејан Димитровски од Microsoft ќе одржи предавање на тема HTML5, како технологија која претставува следен чекор во развојот на веб апликации. Предавањето ќе се одржи во среда, 12.10.2011, во 9 часот, во просторија Б2 на ФИНКИ.
 
Дејан Димитровски има повеќе од 10 години искуство во ИТ индустријата, а во моментов работи како Developer Platform Evangelist во Microsoft.
 
Во продолжение следува кратка содржина на предавањето.

HTML5 вовед
Доколку не сте слушнале за HTML5 или сте се прашувале што се може да се направи, сега е време да го направите вистинскиот чекор. Ако сте сериозен веб девелопер или дизајнер, или некој кој сака нови технологии, ова е одлична прилика да присуствувате на предавањето за вовед во HTML5 и како да започнете до го применувате веднаш! Ќе бидат презентирани практични техники и употребливи сценарија со користењето на модерните прелистувачи.