Што е Drupal? И колку е добар како платформа за управување на содржини? Овие прашања ќе бидат одговорени на првиот меѓународен Drupal Camp кој ќе се одржи во Скопје, од 2 до 3 мај на Факултет за информатички науки и компјутерски инженеринг (ФИНКИ). На кампот, македонските инженери и ентузијасти ќе имаат единствена прилика да научат нешто повеќе за можностите кои ги нуди овој моќен систем за управување со содржина, како и да отворат соработка со колегите од целиот регион.

Дводневиот настан е организиран од Drupal Community Macedonia и фондацијата ИДЕА Југоисточна Европа, кои велат дека веќе постои критична маса за организирање на ваков настан. Во меѓувреме контакт на техничко ниво е воспоставен со програмерите од земјава кои веќе ја користат Drupal платформата и кои постепено почнаа да ја развиваат заедницата во Македонија.

ФИНКИ ќе додели 20 ваучери за присуство на кампот на студентите, за што заинтересираните студенти треба да аплицираат најкасно до Вторник 20.04.2015 до 23.59 часот со пополнување на следната анкета - http://goo.gl/forms/cdC7TmdQxg