Did you mean
mobz

Search results

Ве известуваме дека системот за молби molbi.finki.ukim.mk за летен семестар за учебната 2019/2020 година е вклучен. 

Упатствата и роковите за соодветните молби се дадени на страната.

Friday, February 7, 2020

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека рокот за праќање на молби преку системот за електронски молби molbi.finki.ukim.mk како и заверка на зимски и запишување на летен семестар 2021/2022 е продолжен до 07.02.2022 (понеделник).

Monday, February 7, 2022

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека можете да поднесете молба за промена на студиска програма преку системот molbi.finki.ukim.mk. Рокот за поднесување молби е до 14.09.2024.

Tuesday, September 3, 2024

Електронски молби за промена на група и/или професор се доставуваат преку системот http://molbi.finki.ukim.mk од 10.10.2022 година до 14.10.2022 година. Промена на група и/или професор е дозволена само доколку постои преклопување со други предмети и при доставување на молбата точно се наведе за кои предмети станува збор.

Monday, October 10, 2022
Предлогот распоредот на часови и распределбата по групи може да ги најдете на огласна табла.
 
НАПОМЕНА: Промена на група е дозволена само доколку постои преклопување со друг предмет. Електронска молба за промена се доставува преку системотhttp://molbi.finki.ukim.mk во точно дефинирани рокови кои ќе бидат поставени на системот.
Sunday, February 24, 2019
Распоредот на часови за зимскиот семестар за учебната 2018/2019 година и распределбата по групи може да ги најдете на огласна табла.
 
Преку системот http://molbi.finki.ukim.mk може да поднесете молба за промена на група и/или професор во точно дефиниранитe рокови кои ќе бидат поставени на системот. Промена на група/професор е дозволена само доколку постои преклопување меѓу предметите од распоредот за кои се бара промената.
Saturday, October 6, 2018

Новата верзија од распоредот на часови за зимскиот семестар за учебната 2019/2020 година може да ја најдете на огласна табла.

Оваа верзија на распоредот важи од 14.10.2019 до 18.10.2019.

НАПОМЕНА: Промена на група е дозволена само доколку постои преклопување со друг предмет. Електронска молба за промена се доставува преку системотhttp://molbi.finki.ukim.mk во точно дефинирани рокови кои ќе бидат поставени на системот.
Friday, October 11, 2019
 
Сите студенти на ФИНКИ кои сакаат да направат промена на студиската програма, согласно одлуката на ННС на ФИНКИ, истото можат да го направат во периодот 02.09.2019 до 10.09.2019 година.
Молбите за промена на студиската програма се поднесуваат преку системот за молби http://molbi.finki.ukim.mk.
 
По одобрување на молбата студентите треба да го испечатат и потпишат документот кој ќе го добијат на емаил и заедно со уплатница 1000МКД на сметката на ФИНКИ со назнака за промена на студиска програма (согласно ценовникот на ФИНКИ ) да го достават во службата за студентски прашања најдоцна до 20.09.2019 година.
 
Можност за префрлување на новите студиски програми од 2018 година имаат студентите кои се прв пат запишани во 2017/2018 и 2018/2019 учебна година.
 
 
Wednesday, September 5, 2018
Сите студенти на ФИНКИ кои сакаат да направат промена на студиската програма, согласно одлуката на ННС на ФИНКИ, истото можат да го направат во периодот 02.09.2020 до 10.09.2020 година.
Молбите за промена на студиската програма се поднесуваат преку системот за молби http://molbi.finki.ukim.mk.
 
По одобрување на молбата студентите треба да го испечатат и потпишат документот кој ќе го добијат на емаил и заедно со уплатница 1000МКД на сметката на ФИНКИ со назнака за промена на студиска програма (согласно ценовникот на ФИНКИ ) да ги скенираат и електронски да ги пратат на studentski@finki.ukim.mk најдоцна до 20.09.2020 година.
 
 
 
Friday, August 28, 2020

Почитувани студенти,

Согласно воспоставената пракса и во учебната 2020/21 година, Факултетот ќе издвои средства за делумно намалување на партиципација на студенти од социјално загрозени семејства и деца на самохрани родители.

Студентите на ФИНКИ кои имаат потреба од ослободување на дел од партиципацијата за учебната година 20/21 можат да поднесат молба за делумно намалување на партиципација со приложување на документи со кои се поткрепува молбата.

Документите, заедно со молбата во која се наведени личните податоци, број на индекс, насока и квота, скенирани треба да се испратат во период од 01.10.2020 до 25.10.2020, на следниов mail: molbi@finki.ukim.mk.

 

Напомена: Евентуалното намалување на партиципација е на годишно ниво и се пресметува во летниот семестар од учебната 20/21 година.

 

 

Wednesday, September 30, 2020