Уписот на зимскиот семестар во учебната 2011/2012 за студентите од втор циклус на студии – магистерски студии, ќе се врши од 11 ноември до 18 ноември 2011 година, од 12:30 до 15:00 часот на шалтерите на Студентската служба на ФИНКИ во ФЕИТ (лаб SOCD) и ПМФ (просторија 161) според студиските програми.

Потребни документи за запишување на зимскиот семестар:

  • За сите студенти на втор циклус:
    • Индекс
    • Пријавен дупли лист за запишување семестар со 50,00 ден. административна такса (доставуваат сите студенти кои сè уште не магистрирале, односно се запишува празен семестар)
  • За студенти кои преслушуваат предмет (односно заклучно со август/септем. испитен рок не ги положиле предметите од зимскиот семестар од учебната 2010/11 година) дополнително се потребни:
    • Образец за запишување семестар со 50,00 ден. админ. такса
    • Интерен пријавен лист
    • Уплатница (во вредност на кредитите што ги носат предметите кои се преслушуваат според студиската програма)
 
Цена на чинење на 1 кредит = 1/60 од вредноста на студиската програма за едногодишните, односно 1/120 за двогодишните студиски програми. Уплатата се врши во денарска противвредност според средниот курс на НБРМ на денот на уплатата.
 
Административната такса може да ја уплатите со уплатница (шифрарник на општини) или преку СМС порака, според даденото упатство

Напомена: За задоцнета заверка и упис на семестар студентите плаќаат 500,00 ден. казна на факултетската жиро сметка.