Во рамките на своите активности за директна комуникација со сегашните и идните студенти, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство организира live chat сесии, секој ден од 9-ти до 13-ти август, во периодот од 12:00 - 13:00 часот, на официјалната веб страна на Факултетот. Live chat-от е првенствено наменет за идните студенти кои планираат да конкурираат за упис на ФИНКИ во првиот уписен рок, кој ќе се одвива на 16-ти и 17-ти август, но поканети се да учествуваат сите заинтересирани матуранти и студенти кои имаат прашања во врска со Факултетот и студиите.
 
Во продолжение можете да ги преземете и погледнете најчесто поставуваните прашања на live chat сесиите. По завршувањето на сите сесии, прашањата ќе бидат објавени и во делот Често поставувани прашања