Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2011/12 година, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на 1 и 2 септември 2011 година ќе се врши пријавувањето за вториот уписен рок. Пријавувањето ќе се одржува во просториите на ФИНКИ, во зградата на Технолошко-металуршкиот факултет, во термини од 9 до 15 часот. 
 
За повеќе информации, посетете го Порталот за идни студенти на ФИНКИ.