Соопштение за студентите на ФИНКИ кои сакаат да променат насока на студии

Сите постојни студенти на ФИНКИ на пренесените студиски програми од ФЕИТ и ПМФ, кои сакаат своите студии да ги продолжат на друга студиска програма на ФИНКИ, ќе можат да поднесат барање за промена на студиската програма, во периодот 12.09.2011 до 16.09.2011 година.

Потребен документ: Mолба за префрлање

Услов: Студентите кои се префрлаат во истата квота во која тековно студираат.
 

Поднесувањето на документите се врши од 12.09.2011 до 16.09.2011 година, секој ден од 8:00 до 14:00 часот, на Инфо шалтерот на ФИНКИ во зградата на ТМФ.

Комисија за префрлање ќе ги разгледа сите пристигнати барања и ќе изготви решенија за префрлање.