Соопштение за студентите од други факултети кои сакаат своите додипломски студии да ги продолжат на ФИНКИ

Сите кандидати кои своите студии сакаат да ги продолжат на ФИНКИ, а не се опфатени со Законот за основање на ФИНКИ (не се студенти на студиските програми ИКИ и ИНФО од ФЕИТ и АСИ и ИТ од ПМФ), како и студенти од други факултети и универзитети, тоа можат да го направат во периодот од 12.09.2011 до 16.09.2011 година.

Потребни документи:

  • Молба за префрлање
  • Уверение за положени испити (може да се достави дополнително, по завршување на испитна сесија)
  • Наставни планови (за студентите кои не се од ФЕИТ или ПМФ)

Услови:

  • Студентите кои се префрлаат од факултетите на УКИМ продолжуваат да студираат во истата квота од која се префрлаат.
  • Студентите од други универзитете можат да ги продолжат студиите во квота со кофинансирање.

Поднесувањето на документите се врши од 12.09.2011 до 16.09.2011 година, секој ден од 8:00 до 14:00 часот во Инфо шалтерот на ФИНКИ во зградата на ТМФ.

Комисија за префрлање ќе ги разгледа сите пристигнати барања и ќе изготви решенија за префрлање. Сите студенти кои ќе добијат позитивно решение и кои се согласуваат со истото, ќе треба да се испишат од матичните факултети и запишат на ФИНКИ.