Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ја објавува распределбата на настава за зимскиот семестар во учебната 2011/2012 година:
 
 
Избор на предмети
 
Студентите од повисоките студиски години на ФИНКИ можат да бираат кој било предмет од Факултетот, со напомена дека наставата по предметите од АСИ и ИТ ќе се одржува на ПМФ, наставата по предметите од ИКИ и ИНФО ќе се одржува во зградата на ФЕИТ, додека наставата на новите студиски програми од ФИНКИ ќе се одржува во зградата на ТМФ. Студентите од повисоките години ќе можат да го бираат предметот „Управување со ИКТ проекти“ од новите студиски програми, за кој наставата ќе се одржува на ТМФ. Овој предмет ќе го предаваат вон. проф. д-р Димитар Трајанов, доц. д-р Анастас Мишев, доц. д-р Љупчо Антовски и предавач од стопанството.