Согласно одлуката на ННС на ФИНКИ за дозволување на запишување над 35 кредити со молба и предуслов просек поголем од 8.5, а поради фактот што студентските досиеа се се’ уште во фаза на преземање, се известуваат студентите кои поднеле молби, да ги дополнат молбите со копии од индекс или список на оценки (не мора уверение, доволно е список на предмети и оценки од студентот) со цел да се утврди нивниот просек. Овие податоци ќе бидат потоа проверени во досието, кога истото ќе биде преземено. На студентите кои ќе дадат неточни информации, дополнителните кредити нема да им бидат признаени.

Решенијата по овие молби ќе бидат објавени по добивањето на информациите за просекот.