Почитувани студенти, ве известуваме дека е пуштен сервис за колаборативно поставување и одговарање прашања од страна на студентите и наставниот кадар на ФИНКИ, поврзани со содржината на предметите на нашиот факултет. Адресата на Q&A сервисот е http://qa.finki.ukim.mk/.

Сервисот е open source клон на светски популарниот сајт за ваква намена, Stack Overflow, кој е дел од мрежата Stack Exchange.

Целта на овој сервис е да се развие солидна база на квалитетни прашања и одговори за сите предмети кои се предаваат на Факултет, а се од интерес пред сѐ за студентите.