Се известуваат студентите од прва година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје, дека од понеделник, 16.01.2012 година, треба да започнат со реализирање на нивната обврска - систематски преглед. Систематскиот преглед ќе се одвива во Универзитетската клиника - Скопје, која се наоѓа во Студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“, со влез од задна страна. Студентите со себе треба да носат индекс и здравствена легитимација.
 
Систематскиот преглед ќе трае до 30.01.2012 година.
 
Систематскиот преглед е задолжителен и е услов за запишување на летен семестар.