Заверката на зимскиот и запишувањето на летниот семестар за студентите на додипломските студии во учебната 2011/2012 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се врши во периодот од 28.01. до 03.02.2012 година.
 
Заверката и уписот на семестар се вршат заедно, најпрвин електронски, а потоа сите потребни документи за заверката и уписот се доставуваат во студентски прашања.
 
  • Студентите од прва година, како и студентите од втора и повисока година на насоките пренесени од ФЕИТ, документите ги доставуваат во службата за студентски прашања на ФИНКИ, приземје на зграда на ТМФ, секој работен ден до 11:00 до 14:00 часот
  • Студентите од втора и повисока година на насоките пренесени од ПМФ, документите ги доставуваат во службата за студентски прашања на ФИНКИ во горната зграда на ПМФ, соба 161, од 11:00 до 14:00 часот.
 

Се молат студентите да го почитуваат предвиденото време за достава на документите. Прием на документи вон објавениот термин нема да се врши.
По овој рок студентите заверката и уписот на семестарот ќе можaт да го извршат со молба и надомест од 500,00 ден.

Потребни документи за заверување на зимски семестар:

  • Индекс 
  • Семестрален лист (образец за заверка на семестар) пополнет со предметите што се слушале во зимскиот семестар со уплатница за административна такса од 50,00 денари (се плаќа на уплатница (шифрарник на општини) или преку СМС);
     

Потребни документи за запишување на летен семестар

ЕКТС Координатор за насоките пренесени од ФЕИТ е Доц. Д-р Ивица Димитровски ivica.dimitrovski@finki.ukim.mk>
ЕКТС Координатор за насоките пренесени од ПМФ е Доц. Д-р Марија Михова marija.mihova@finki.ukim.mk>
 
Скопје, 27.01.2012 година, oд Деканатот на ФИНКИ - Скопје