Сите студенти кои аплицирале на EUROWEB проектот за размена на студенти и добиле информација за добиена стипендија, потребно е да ги достават следните документи (во електронска форма) до проф. д-р Сузана Лошковска на адресата suzana.loshkovska@finki.ukim.mk:
  • пополнет learning agreement (со предметите што ќе ги изберете, истиот може да се преземе од веб страната на УКИМ) со предметите кои планирате да ги слушате на Универзитетот на кој сте примени,
  • информација за положени испити на матичниот факултет (што досега сте положиле, но и предмети што евентуално може да ги положите до септември, предмети што сте ги слушале во зимскиот семестар и предмети што тековно ги слушате).
  • во посебна датотека ќе ја испратите содржината на предметите (тие што се напишани во learning agreement документот) што планирате да ги слушате на факултетот за кој конкурирате.