Врз основа на член 8 од Правилникот за изборот, разрешувањето, надлежноста и работата на Студентскиот правобранител на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Студентскиот парламент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство распишува конкурс за избор на заменик - студентски правобранител од соодветниот факултет.
 
Кандидатите за избор треба да бидат редовни студенти на факултетот со просек на студии не помал од 7.00, да имаат завршено најмалку втор семестар и да поседуваат комуникациски и организациски способности. 
 
Конкурсот трае од 25.10.2012 до 01.11.2012 (16 часот). Заинтересираните кандидати потребно е документите да ги достават до Студенскиот парламент на факултетот, каде што можат и подетално да се информираат за конкурсот.