Почитувани ве известуваме дека како дел од пакетот на економско - социјални мерки, Владата одлучи да го прошири Проектот и со доделувањето на ваучерите да им излезе во пресрет на редовните студенти, државјани на Република Македонија од социјално загрозените семејства, кои за прв пат се запишале во било која година на студии во учебната 2012/2013 година на високообразовните установи во Република Македонија и на студентите евидентирани како лица со посебни потреби.

Вредносните бонови – ваучери во износ од 15.500 денари се наменети за:

  • Редовните студенти на високообразовните установи во Република Македонија кои живеат во социјално загрозени семејства, односно семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош и право на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа или семејствата во кои вкупните месечни приходи не се поголеми од 15.000 денари и кои запишале било која година на студии,
  • Сите студенти евидентирани како лица со посебни потреби запишани на студии во учебната 2012/2013 година, на високообразовните установи во Република Македонија. 
  • Студентите кои живееат во семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош и право на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа - потврда за овој статус издадена од надлежниот Центар за социјална работа;
  • Студентите кои живеат во семејствата чии вкупни месечни приходи не се поголеми од 15.000 денари, доставуваат Уверение за остварени приходи од УЈП за 2011 година, поединечно за двајцата родители (старатели) на студентот и за самиот студент. Студентите кои живеат со еден родител или без родители, статусот треба да го докажат со фотокопија од акт за престанок на бракот или извод од матична книга на умрените; 
  • Студентите евидентирани како лица со посебни потреби, единствено пополнуваат барање на студентската служба на матичниот факултет, а верификацијата на нивниот статус ја прави матичниот факултет.
  • Заинтересираните студенти освен барање кое можат да го подигнат од службата за општи работи во деканатот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство треба да достават и соодветни потврди и документи со кои се докажува дека ги исполнуваат условите.

Повеќе информации може да добиете на овој линк http://www.mio.gov.mk/?q=node/3249

Крајниот рок за поднесување е 28.11.2012.

Обврска на студентите е да поднесат целосна документација, сите нецелосни апликации нема да бидат разгледувани.

Со почит,
Универзитет„Св Кирил и Методиј“ Скопје
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство