Во петок, 08.02.2013 година со почеток во 12:00 часот, во Кабинет Гуштеров во зградата на Технолошко-металуршкиот факултет, ќе се одржи јавната одбрана на магистерскиот труд на кандидатот Фросина Ременска на тема „Подобрување на употребливоста кај веб продавниците и нивните мобилни верзии со акцент на страницата за детален приказ на продуктот и препораките“.

Скопје, 02.02.2013 година, oд Деканатот на ФИНКИ - Скопје.