Анкетата се пополнува за секој предмет од летниот семестар. Обрнете внимание да го изберете линкот кој се однесува на вашата насока (особено во случај кога има исти предмети на различни насоки). Првото поле во анкетата е единствениот клуч (се состои од 6 карактери, со мали латинични букви).
 
Кодовите важат само за еден предмет. Кодот мора да се внесе точно. Доколку се внесе погрешен код, или код кој не е наменет за избраниот предмет, одговорите нема да се земат во предвид. Доколку пак во истиот код се употреби повеќе од еднаш за еден исти предмет, во предвид ќе се земе само првото појавување на тој код. Кодовите ќе бидат доставувани на колоквиум, од претставници на СПФИНКИ, при што ќе ви биде точно кажано како да добиете код и за коj предмет се однесува.
 
Анкетата е целосно анонимна и служи за унапредување на наставниот процес на ФИНКИ, преку добивање на мислењата од студентите.
 
Студентите кои нема да полагаат втор колоквиум може да ги земат кодовите за анкетата пред започнувањето на полагањето на предметот.
 
Линкови до анкетите за секој предмет можете да најдете на овој линк