Објавено на:
23/09/2013
На 24.09.2013 година, вторник, во 12 часот во Амфитеатарот на ТМФ ќе се одржи предавање на Симона Самарџиска, студент на NTNU од Трондхеим, Норвешка.
Симона Самарџиска е студент во четврта година на докторски студии на Одделот за телематика на NTNU во Норвешка. Магистерски студии има завршено на ПМФ во 2010 година на тема 'Polynomial n-ary quasigroups of order p^w' под менторство на проф. д-р Смиле Марковски.
Моментално работи на полето на Post-Quantum Cryptography, а поконкретно на Multivariate and Coding-Based Cryptography. Предавањето ќе се одржи во два дела:
12:00 – 12:45 Identity Based Encryption (IBE) Overview
13:00 – 13:45 Pairing-Based IBE Schemes