Објавено на:
26/11/2013
На 2 декември 2013 година, понеделник, со почеток во 12 часот во кабинет 223 ќе се одржи гостинско предавање на м-р Сашко Целаковски, Извршен директор во ИТгма. Предавањето ќе биде на тема Софтверски системи за Customer Relationship Management (CRM) во рамките на предметот Менаџмент на информациони системи. Повеќе детали за предавањето и предавачот моѓете да најдете во текстот што следува.
Краток опис на предавањето
- Што е CRM
- Потребата од софтверски системи за CRM
- Краток преглед на моменталната понуда на софтверски CRM системи
- Предизвиците при имплементација на CRM систем во една компанија
- Еволуција на CRM системите
За предавачот
Сашко Целаковски е магистер по компјутерски науки, 2006, ЕТФ - Скопје, вработен во ИТгма ДОО Скопје, на позиција Извршен директор (задолжен за деловен развој и продажба) и коосновач на компанијата. Има 15 годишно искуство во софтверската индустрија во Македонија во неколку компани и на неколку различни позиции.