Сите студенти од прва година на студии задолжително треба да направат систематски преглед. Прегледот (односно печатот во индексот со кој тој се потврдува) е услов за заверка на летниот семестар.

Систематските прегледи се вршат во ЗУ Поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, сместена во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу, на улица Митрополит Теодосиј Гологанов (Иво Лола Рибар) број 58. Прегледите се вршат во работни денови од 7:30 до 12:00 часот, во перидот до 01.03.2014 година. За прегледот, студентите е потребно да носат со себе:

1. Индекс
2. Заверена здравствена легитимација

3. Копии ос страниците 2 до 5 од здравствената легитимација 
 

Прегледот вклучува лабораториска анализа, општ медицински преглед и стоматолошки преглед.

Студентите треба да се јават на систематски преглед веднаш штом ги подигнат индексите од службата за студентски прашања по обработката на уписот на летниот семестар. За точниот датум кога и каде можат да ги подигнат индексите, студентите ќе бидат дополнително известени.