На 03.03.2014 година, понеделник, со почеток во 14 часот во Амфитеатарот на ТМФ ќе се одржи покането предавање на тема 'The Role of the Erasure Codes in Zettabyte Era' од страна на проф. д-р Данило Глигороски, редовен професор на Одделот за телематика при Норвешкиот Универзитет за наука и технологии од Трондхејм (NTNU). Исто така професорот Глигороски е избран како насловен вонреден професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Проф. Глигороски активно работи во полето на информациска сигурност со посебен осврт кон криптографските примитиви и мрежното кодирање. Повеќе информации може да најдете на следниот линк.

Поканетото предавање е организирано од страна на групата за криптографија и кодирање при ФИНКИ.