ФИНКИ и оваа година организира напревар во програмирање по урнекот на ACM ICPC. Натпреварот ќе се одржи во просториите на ФИНКИ на 29.06.2014 (недела) со почеток во 10:00 часот.
 
Најдобрите тимови на локалниот натпревар ќе имаат право да го претставуваат нашиот универзитет на претстојниот регионален ACM натпревар кој ќе се одржува од 16-19 октомври во Букурешт. Секој тим од ФИНКИ што сака да учествува мора да се пријави најдоцна до 22-ри јуни во 10:00 на следната адреса   '; // -->

 и

. Пријавата на тимот содржи имиња на тројца учесници со име, презиме и број на индекс од ФИНКИ. Мејлот со пријава треба да биде со subject: ACM trening. Mоже да се дозволи и тим со двајца учесници доколку одобрат организаторите.

 
Како учесници можат да се пријават сите студенти на ФИНКИ кои што се заинтересирани за алгоритамско програмирање и кои што имаат високи оценки по предметот во кој се изучуваат алгоритми и податочни структури (односно највисока оценка по предметите од областа на програмирање ако се работи за студенти од прва година).