Објавено на:
03/11/2014
Заверката и уписот на семестар, како и пријавување на испити од трет циклус – докторски студии на ФИНКИ ќе се одвива во периодот од 03 до 07 ноември 2014 година, 9:00-12:00 и од 14:30 до 15:30 во службата за студентски прашања на ФИНКИ.
Потребни документи за заверка и упис на нов семестар за тековните студенти
- Потврда за уплатена школарина за следниот семестар на докторските студии – следна рата (школарината се плаќа на 6 еднакви рати на почетоткот на секој семестар, во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на денот на уплаќањето)
- 1/6 од вкупниот износ кој го пишува во договорот се уплаќа на жиро-сметка на ФИНКИ.
- Образец за запишување на семестар (УКИМ) со 50,00 ден. административна такса (се плаќа на уплатница (шифрарник на општини) или преку СМС)
- Образец за заверка на семестар (УКИМ) со 50,00 ден. административна такса (се плаќа на уплатница (шифрарник на општини) или преку СМС)
Потребни документи за пријавување на испити
- Пријава на испит со 50,00 ден. административна такса (се плаќа на уплатница (шифрарник на општини) или преку СМС), за секој испит кој студентот ќе го полага во есенскиот испитен рок.