Во тек е процедурата за годишно зачленување во IEEE и ќе трае до 15.12.2014. Предностите за членство (субвенции) ќе бидат достапни за првите 30 заинтересирани студенти.
Што е IEEE?
Институтот за инженери по електротехника и електроника (The Institute of Electrical and Electronics Engineers - IEEE) е најголемото светско професионално општество. Основана во 1884, IEEE е непрофитабилна организација и има повеќе од 360000 членови во 150 земји. Преку нејзините членови, IEEE е катализатор за технички иновации и има водечко место во области како што се автоматиката, компјутерското инженерство, електричната моќност, корисничкатa електроника, био-медицинската технологија, телекомуникациите и многу други. Објавува повеќе од 30% од светската литература за електротехника, електроенергетика, компјутери, телекомуникации, електроника, роботика и организира над 300 големи конференции и 6000 локални состаноци годишно. Препознатливи како значајно водечки во секоја индустрија, во употреба денес има над 800 активни IEEE стандарди, а моментално околу 700 се во развој.
Студентите членови на Студентскиот огранок на Македонската секција на IEEE, секој месец се претпалтени да го добиваат IEEE Spectrum - от (месечно списание за иновации во технологијата,интелектуално љубопитнитеи за бизнис лидерите), а покрај тоа имаат можности за:
- Софтвер на Microsoft за студентите - во соработка со Microsoft, IEEE нуди широк избор на софтвер во развој на студентите членови;
- The Institute Newsletter - излегува еднаш месечно;
- IEEE eBooks Classics - пристап до повеќе од 220 'eBooks' преку IEEE Xplore.
- IEEE студентски натпревари - во областите: програмирање, роботика, телекомуникации, енергетика.IEEE членството ви овозможува да се натпреварувате против своите врсници и истовремено да се забавувате;
- IEEE награди, стипендии за студирање и стипендии за научно-истражувачка работа - мноштво на понуди за напредување на вашите кариери;
- IEEEPotentials Magazine - исполнет со научно-технички трудови и текстови и информации за сите области од ваш интерес, ова списание е создадено само за студентите (излегува еднаш во 2 месеци - online).