Со цел поефикасно работење на службите, Факултетот отвори нова дополнителна канцеларија за издавање на потврди за студентите од додипломски студии на Факултетот. Се известуваат сите студенти дека од 27.10.2015 год. сите потврди за студенти од додипломски студии ќе се изготвуваат и подигнуваат само од новата просторија помеѓу бараките Б2 и Б3.
 
Документи кои се издаваат и потребни документи за нивно издавање: 
 
      •  Уверение за редовен студент - Индекс
      •  Уверение за положени испити- 
- Електронски поднесено барање преку системот Iknow, Индекс, 
- уплата од 100 ден. на ФИНКИ
- уплата од 50ден. таксена марка
      •  УППИ за стипендија- пополнет уппи образец и Индекс
      •  Потврда за месечен билет ЈСП- пополнет образец од ЈСП и Индекс
      •  Уплатница за пракса- Индекс 
    Работно време на службата:
    Секој работен ден од 10 до 13 часот (помеѓу Б2 и Б3)