Родена е 1987 година во Белград, Р Србија. Дипломирала на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2009 година на насоката Информатика и компјутерско инженерство. Магистрирала на истиот факултет во 2011 година на насоката Компјутерски мрежи и е-технологии, со магистерска теза од областа на моделирање и анализа на сложени мрежни системи. Во текот на факултетското образование била континуирано наградувана за успешното студирање. Учествува во реализација на еден меѓународен проект и има презентирано труд на меѓународна конференција и учествувала на две меѓународни работилници. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје почнала да работи во 2009 година како демонстратор. Нејзините наставни обврски опфаќаат изведување на аудиториски и лабораториски вежби по предметите од областа на логички кола и дискретни автомати и формални јазици. Области на нејзин научно-истражувачки интерес се оптимизација, анализа и моделирање на мрежни системи, формални јазици, логички кола и дискретни автомати, надежност на системи.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК