Во рамките на прославата на петтиот роденден на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на крајот на месец март 2016, ќе се доделуваат награди за најдобрите студенти во втора, трета и четврта година на студии. За таа цел потребно е студентите кои имаат просек над 9,5 и се заинтересирани да достават пријава во новата просторија помеѓу бараките Б2 и Б3 секој работен ден од 10 до 13 часот. Рокот за доставување на пријавата е 21.12.2015 година. Со пријавата студентите доставуваат и уверение за положени испити. Пријавата може да ја симнете овде . По овој датум конечната листа на кандидати ќе се затвори без можност истата да се менува. Просекот и бројот на положени испити се пресметува за испитите положени заклучно со септемвриската сесија.