Почитувани студенти, наставата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство започнува во понеделник, 01.02.2016 година. Распоредот на часови е објавен до делот „Студии - Додипломски студии - Распоред“. Во истиот дел е објавена и распределба на студенти по групи.

 

Напомена: На распоредот се поставени само предавањата од задолжителните предмети и истиот ќе важи само првата недела од 01-05.02.2016 година. Исто така бројот на групи по предмет и распределбата по групите не е конечна и ќе зависи од вкупниот број на запишани студенти по истекување на рокот за упис.