Конкурсот е отворен за кандидати кои се заинтересирани да следат студии во Франција, на ниво Мастер или Докторат. Приоритетот ќе им биде даден на студиите во области кои не постојат или се недоволно развиени во земјава.
Стипендијата ги покрива животните, како и трошоците за школарина во Франција во период од максимум 9 месеци, вклучувајќи го и здравственото осигурување.
Статусот стипендист на француска влада им овозможува и други предности на стипендистите.
Потребни документи за пријавување :
- Пополнето барање за стипендија ;
- Потврда дека кандидатот конкурирал на Мастер или Докторат (Кандидатите треба да презентираат потврда дека конкурирале или копија од остварена кореспонденција со францускиот универзитет. Стипендијата се активира по добивањето на официјален документ за прием);
- Копија од диплома и уверение за положени испити со заверен судски превод на француски јазик ;
- Две препораки од професори ;
- Писмо за мотивација во кое кандидатот треба да ги изнесе своите видуваwа за начинот и конкретната примена на здобиените знаења од студирањето по враќањето во земјата ;
- Потврда за познавање на францускиот јазик ;
- Биографија (Curriculum vitae) ;
- Една фотографија
Некомплетните барања нема да бидат разгледувани.
По извршената претселекција врз основа на документите, кандидатите ќе бидат повикани на разговор. Целосната документација, во два истоветни примероци од кои еден на француски и еден на македонски јазик, треба да биде доставена во предвидениот рок во Одделот на КампусФранс, на адресата дадена подолу. Ниту еден друг документ нема да биде примен по тој датум (освен потврдата за дефинитивниот прием).
Краен рок за пријавување: 30 април 2016. Повеќе информации тука.