Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во вториот уписен рок за академската 2016/2017 година. Листата можете да ја најдете на порталот за идни студенти на ФИНКИ, во делот Документи, или на овој линк.
 
По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 06.09.2016 од 12:00 часот, најдоцна до 07.09.2016 до 12:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти
 
Техничките пропусти се однесуваат на:
 
Печатна грешка на лични податоци
Печатна грешка на основен избор на студиска програма, избор со кофинансирање или редослед на студиски програми
Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)
Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образец во службата за студентски прашања на ФИНКИ во просториите на ТМФ, приземје. 
 
Студентската служба на ФИНКИ работи секој работен ден од 08:00–16:00 часот.