ЛАНКом Компјутери има потреба од вработување на Инженер за продажба кој би работел во Секторот за продажба и би бил одговорен за креирање на нови бизнис можности, нови клиенти и информатички решенија базирани на производите на нашите партнери како и одржување на задоволството на нашите постоечки клиенти.

 

 

Опис на работнoто место:

  • Изготвување на понуди за продажба на опрема и информатички решенија базирани на производната програма на DELL, Oracle како и другите наши партнери и добавувачи
  • Креирање на решенија од областа на информатичката технологија и нивна презентација пред нови и постоечки клиенти
  • Постојана комуникација со постоечки клиенти како и креирање на нови купувачи и коминтенти
  • Водење грижа за задоволството на постоечките клиентите и нудење на постојана техничка поддршка при набавка на нова опрема и имплементација нови решенија
  • Подготовка на извештаи и потребна документација во процесот на продажба и набавка
  • Комуникација со странските партнери
  • Извршување на други активности кои се тесно поврзани со работата

Потребни квалификации:

  • Завршен Факултет за компјутерски науки и инженерство или сродна област
  • Познавање на хардверски и мрежни компоненти 
  • Познавање на оперативните системи
  • Познавање на виртуелни околини
  • Активно познавање и користење на Англиски Јазик
  • Возачка дозвола од Б категорија

Претходно работно искуство:

  • Без работно искуство или со работно искуство во делот на продажба на компјутерска опрема

Професионални знаења и способности:

  • Способност за креативна и ефективна продажба на информатичка опрема, софтвер и комплексни технички решенија
  • Развиени комуникациски и презентациски вештини
  • Солидни технички познавања и висок степен на ИТ компетентност
  • Самоиницијатива и флексибилност
  • Способност за тимска работа и мотивираност
  • Способност за учење на нови технологии

Сертификати:
Предност имаат кандидати со постоечки сертификати од областа на компјутерските технологии.

ЛАНКом Компјутери нуди стимулативна средина, тренинг и можност за професионално усовршување во рамките на компанијата.

Сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите кратки биографии можат да ги испратат на konkurs@lancom.com.mk .

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 15.11.2016.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Повеќе информации на http://www.lancom.com.mk

1