ReFresh „F5“ претставува тродневен хакатон за развивање на мобилни апликации во полето на екологијата. За прв пат, годинава се организира хакатон од ваков вид по иницијатива на професорите и студентите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство и има за цел да ги донесе на едно место програмерите и активистите во областа на екологијата, каде што ќе може да се запознаат со еколошките проблеми со кои што се соочуваме и работат кон нивно креативно решавање.
За време на тридневната интерактивна работилница и хакатон, која ќе се одржи од 05.12-07.12.2016 во просториите на Регионалниот центар за Социјални иновации, натпреварувачите ќе креираат свои дела (мобилни апликации), под менторство од вистински експерти од областа. Победничкиот тим ќе ја добие наградата oд ИЕЕЕ секцијата за компјутери на РМ.
Настанот е организиран од Студентскиот парламент на ФИНКИ, со поддршка од самиот факултет, Македонска секција на ИЕЕЕ (IEEE), Регионалниот центар за социјални иновации, Програма за развој на Обиденетите Нации (UNDP) и Министерстово за животна средина и просторно планирање.
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да го пополнат следниот апликационен формулар. Ќе бидат селектирани вкупно 21 учесници. Крајниот рок за аплицирање е 01.12.2016, 12:00 часот.