Проектот „Поддршка за пристап до правото за заштита на личните податоци“ финансиран од Европската Унија каде корисник е Дирекцијата за заштита на личните податоци, во рамките на Активноста 5.3 ги повикува сите заинтересирани кандидати да се пријават на јавниот повик врз кој се организира волонтерска работа на проектот за изработка на пет видео анимации за потребите на проектот. Тема на видео анимациите ќе биде заштита на личните податоци.

1.Број на места за кои се објавува јавниот оглас:

Јавниот оглас се објавува за ангажирање на 4 (четворица) волонтери за изработка на најмалку 5 (пет) видео анимации за заштита на личните податоци во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „ Поддршка за пристап до правото за заштита на личните податоци''

2. Услови кој треба да ги исполнуваат заинтересираните кандидат за видео аниматор

Општи услови

I.   Да се студенти на завршна година на студирање или да имаат завршено во изминатите две години на следните факултети/области:

  • Природно-математички факултет; 

  • Факултет за електротехника и информациски технологии; 

  • Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство; 

  • Факултет за информатика; 

  • Факултет за дизајн и мултимедија; 

  • Факултет за драмски уметности (насока за изработка на видеа и анимации)

II. Да располагаат со способност за добро писмено изразување и истражување 


III. Познавање на англиски јазик 


Специфични услови

IV. Да ги познава и разбира различните техники за компресија на видео записи; 


V. Да има искуство во изработка на анимација/мултимедијален производ со примена 
на изучените техники и методи; 


VI. Предност на кандидатите кои посетувале настава на предмет по мулти медијални 
технологии: аудио, слики, видео и анимации 


3.Начин на пријавување на заинтересираните кандидати

Заинтересираните кандидати поднесуваат пријава со назнака по оглас за прием на волонтери.

Кон пријавата треба да се приложат:

·      Мотивациско писмо; 


·      Кратка биографија (CV); 


Доказ за соодветно образование (Уверение за завршен факултет или доказ дека е студент)

4.Рок и начин на пријавување на заинтересираните кандидати : 


Рокот за пријавување на јавниот оглас изнесува 15 дена од денот на објавување на огласот (насмевајќи го денот на самото објавување).
Пријавите со потребните документи, заинтересираните кандидати може да ги достават на на емаил адресата: Marina.Cvetkovic@vialto.hu не подоцна од 30 Јануари 2017. Ненавремени и нецелосни пријави нема да бидат разгледани. 


5.Начин и рок на спроведување на постапката за селекција 
Постапката на селекција на пријавените кандидати ја спроведува Kомисија формирана од страна на проектот. 
Селекцијата на кандидатите ќе се врши од страна на стручна комисија, а врз основа на следните критериуми: 


  • постигнатиот успех во образованието; 

  • Искуство во изработка на анимации 


6. Начин на ангажирање

      6.1.Лицата кои ќе бидат избрани при постапката на селекција, ќе склучат договор за волонтирање кој ќе биде во согласност со Законот за волонтери на РМ

      6.2.Волонтирањето е во траење од 6 (шест) месеци и очекуван почеток на активностите е февруари 2017. 


Кандидатите одбрани во потесен избор ќе бидат викнати на интервју. 
По завршувањето на постапката за избор на кандидати за волонтирање, избраните кандидати ќе бидат повикани за вршење на волонтерска работа. 
Одбраните волонтери ќе добијат надоместок за волонтирање според одредбите во законот за волонтирање. 
Кандидатите се охрабруваат да ја посетат веб локацијата на Дирекцијата за заштита на личните податоци и Фејсбук страницата на проектот од каде можат да добијат информации за надлежностите и работата на проектот. 


 

1