Инбох ДООЕЛ Скопје, најуспешниот професионален архивски и дата центар во Македонија, кој на своите клиенти им нуди врвна заштита на податоци и документи во своите физички и дигитални архиви, поради зголемен обем на работа и организациска комплексност има потреба од практиканти:
IT HELP DESK & IMPLEMENTATION ADMIN
кои по завршената пракса ќе имаат можност и за вработување.
Ако сте проактивни, подготвени да совладувате нови технолошки предизвици и да се стекнувате со нови вештини, барате шанса да се докажете во динамична бизнис средина и да придонесете во остварувањето на мисијата на компанијата – ние Ве бараме токму Вас да се приклучите на тимот на ИНБОХ.
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И ЗНАЕЊА:
• Познавање на компјутерски системи и работа со нив
• Основно познавање на мрежи (DNS, DHCP)
• Познавања од инсталација на софтверски пакети (МС OFFICE, подесување и инсталација на драјвери) • Познавање на Microsoft OS
• Пожелно е познавање на Adobe, Photoshop, Indisign
• Одлично познавање на англиски јазик
ТЕХНИЧКИ ОДГОВОРНОСТИ:
• Инсталација на нова опрема
• Дијагностицирање на сервисни проблеми
• Сервисирање/поправка
• Тестирање на извршена сервисна услуга
• Обезбедување на техничка поддршка на корисници • Обработка на фајлови и слики
Професионална биографија и мотивациско писмо ги очекуваме на jobs@inbox.com.mk, најдоцна до 17 февруари 2017 година, со назнака ‘’За практикантска работа”.
Работното време започнува од 08:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок.
За целото времетраење на практикантската работа е обезбеден превоз и паричен надоместок.