01/04/2017
Во организација на Здружението на информатичари на Македонија денеска на ФИНКИ се одржа 28-от Државен натпревар по информатика. На натпреварот учествува вкупно 100 учесници од основно и средно образование, кои се избрани меѓу учесниците на регионалниот натпревар. Четворицата најдобри ќе ја претставуваат Македонија на натпреварите на меѓународно ниво.
ФИНКИ и оваа година, традиционално, додели 12 стипендии за бесплатно студирање на најдобрите натпреварувачи од 4-та година средно образование.
Организатори на натпреварот се Здружението на информатичари на Македонија и „Семос Едукација”, а поддржувачи ФИНКИ, компанијата Sorsix и Агенцијата за млади и спорт.
0