Објавено на:
24/08/2017
Објавени се прелиминарни ранг листи за првиот уписен рок за академската 2017/2018 година. Истите можете да ги најдете на Порталот за идни студенти на ФИНКИ во делот Документи - Прв уписен рок - Прелиминарни ранг листи или на следниот линк.
Поднесувањето на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во прв уписен рок ќе се врши од 24.08.2017 од 14:00 часот до 25.08.2017 до 14:00 часот.
Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образец во службата за студентски прашања на ФИНКИ во зградата на ТМФ.
Сите кандидати кои НЕ се рангирани или сакаат да го променат или дополнат изборот на студиските програми или начинот на студирање (државна квота или кофинансирање) имаат можност да се доизјаснат за студиски програми во кои има слободни места и да бидат рангирани на студиска програма која не е целосно пополнета. Новото рангирање ќе биде направено без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати. Промената на изборот на студиската програма или начинот на студирање се прави со пополнување на Изјава за дополнување или промена на избраните студиски програми која ќе ја најдете на порталот за нови студенти (join.finki.ukim.mk), во делот Документи - Прв уписен рок - Прелиминарни ранг листи.
Изјавите за дополнување или промена на избраните студиски програми (запишување на студиска програма на која има слободни места) или менување на изјава за студирање во квота со кофинансирање (ако тоа не е сторено во интерниот пријавен лист) ќе се примаат во службата за студентски прашања на ФИНКИ во петок, 25.08.2017 година, 8-14:00 часот.
Службата работи секој работен ден од 08:00–16:00 часот.