Објавено на:
06/09/2017
Објавени се прелиминарни ранг листи за вториот уписен рок за академската 2017/2018 година. Истите можете да ги најдете на Порталот за идни студенти на ФИНКИ во делот Документи - Втор уписен рок - Прелиминарни ранг листи.
Поднесувањето на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во втор уписен рок ќе се врши од 06.09.2017 од 16:00 часот до 07.09.2017 до 16:00 часот.
Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образец во службата за студентски прашања на ФИНКИ во зградата на ТМФ.
Сите кандидати кои НЕ се рангирани или сакаат да го променат или дополнат изборот на студиските програми или начинот на студирање (државна квота или кофинансирање) имаат можност да се доизјаснат за студиски програми во кои има слободни места и да бидат рангирани на студиска програма која не е целосно пополнета. Новото рангирање ќе биде направено без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати. Промената на изборот на студиската програма или начинот на студирање се прави со пополнување на Изјава за дополнување или промена на избраните студиски програми - која ќе ја најдете на порталот за нови студенти (join.finki.ukim.mk), во делот Документи - Втор уписен рок.
Изјавите за дополнување или промена на избраните студиски програми (запишување на студиска програма на која има слободни места) или менување на изјава за студирање во квота со кофинансирање (ако тоа не е сторено во интерниот пријавен лист) ќе се примаат во службата за студентски прашања на ФИНКИ во четврток, 07.09.2107 година, 8-14:00 часот и на 13.09.2017 година, 8-14:00 часот.
Службата работи секој работен ден од 08:00–16:00 часот.