27/04/2018
Софтверската компанија HASELT нуди летна пракса за сите заинтересирани студенти кои би сакале да ги прошират своите знаења во областа на развој на софтвер.
Период: Јули-Август 2018
4 отворени позиции: Software Engineer Intern
Рок за аплицирање: 10 Мај 2018
Формулар за аплицирање на следниот ЛИНК.
За време на праксата, ќе се користат и изучуваат дел, или сите од следниве:
- Programming languages: C#, TypeScript, SQL, HTML5, SASS;
- Development approaches: Domain Driven Design, Extreme Programming, Continuous Delivery;
- Main tech stack: ASP.NET Core, xUnit, AurelliaJS, PostgreSQL, Azure.
Ќе се работи тимски, во постојана колаборација со менторот на програмата, но исто така и во соработка со сите колеги од Engineering тимот во HASELT. За време на праксата ќе се работи на реален проект и студентите ќе го изучат целиот процес на развој на едно софтверско решение. Програмата исто така вклучува и презентации и практични работилници на соодветните теми споменати погоре.
Повеќе информации за искуства од минатогодишните програми можете да погледнете ОВДЕ, на блогот на HASELT.
Селектираните кандидати ќе бидат поканети на кратко интервју и најдоцна до крајот на мај, би се формирал практикантскиот тим за оваа година.
1