1. Општи информации

 

Постдипломските студии по Интернет технологии имаат за цел да обезбедат квалитетно и врвно европско образование и обучување на ИКТ инженери со длабоки познавања на Интернет мрежите, технологиите и безбедноста. По завршувањето на студиите овие инженери ќе можат да заземат одговорни позиции во процесите на планирање, дизајн, управување и безбедност на Интернет мрежи и работа со различни видови на најнови технологии вклучувајќи ги и нивните бизнис аспекти.

  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
  • Назив на студиската програма: академски студии од втор циклус по Интернет технологии
  • Научно - истражувачко подрачје: техничко-технолошко
  • Поле: компјутерски техника и информатика
  • Област: информациони системи и мрежи
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС или 120 ЕКТС кредити
  • Траење на студиите: 2 или 4 семестри.
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
  • Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот има помал број наставни предмети и е резервиран за завршниот проект, т.е. за магистерската тема.
  • Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на насоки од полето на информатика или компјутерска техника и информатика кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
  • Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
  • Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен, кој може да биде од универзитетска листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
  • Бројот на контактните часови е 4
  • Академскиот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите е

 

– Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на Интернет технологии

 

2. Воведувачки слој

Воведувачкиот слој им е наменет на студентите кои студии кои траат помалку од четири години или стекнале помалку од 240 кредити од претходните студии.

Табела 1: Листа на предметите на воведувачкиот слој

РБ Предмет Семестар ЕКТС
1 Задолжителен предмет 1 од Табела 2 VII 6
2 Задолжителен предмет 2 од Табела 2 VII 6
3 Задолжителен предмет 3 од Табела 2 VIII 6
4 Задолжителен предмет 4 од Табела 2 VIII 6
5 Изборен предмет 11 VII 6
6 Изборен предмет 21 VII 6
7 Изборен предмет 31 VII 6
8 Изборен предмет 41 VIII 6
9 Изборен предмет 51 VIII 6
10 Избор од универзитетската листа слободни предмети VIII 6

[1] Избор од листите на предмети од воведувачкиот слој на сите магистерски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство

Изборните предмети може да се одберат од предложената листа на предмети на студиската програма (Табела 2), или пак од предложените листи на предмети од воведувачки слој на другите студиски програми на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Изборот на предмети треба да е направен соодветно на претходните знаења на кандидатот и потребните знаења за продолжување со постдипломските студии по интелигентни системи. При изборот на предметите, студентот треба да се координира со раководителот на студиската програма. Дозволен е и еден слободен избор на предмет кој се наоѓа на универзитетската листа на предмети за првата година од двогодишни постдипломски студии.

Табела 2: Листа на предмети

РБ Kод / Предмет Семестар ЕКТС Предуслов2
1 CSEW513 Дистрибуирани системи VII 6 Компјутерски мрежи, Алгоритми и структури на податоци
2 CSEW519 Мобилни платформи и програмирање VII 6 Објектно-ориентирано програмирање
3 CSEW702 Веб базирани системи VII 6 Мрежно програмирање
4 CSEW303 Веројатност и статистика VII 6 Калкулус 1, Дискретна математика 2
5 CSEW504 Администрација на мрежни сервиси VII 6 Компјутерски мрежи, Оперативни системи
6 CSES609 Дизајн на компјутерски мрежи VIII 6 Компјутерски мрежи
7 CSES405 Безжични и мобилни системи VIII 6 Компјутерски мрежи
8 CSES618 Мрежна безбедност VIII 6 Компјутерски мрежи, Оперативни системи
9 CSES633 Управување со мрежи VIII 6 Компјутерски мрежи
10 CSES612 Електронска и мобилна трговија VIII 6 Интернет програмирање

 

[2] Насловите на предметите се дадени според наставните планови на додипломските студии на Факултетот за информатички технологии и компјутерско инженерство, УКИМ, Скопје. Студентите кои завршиле на други институции ќе треба да прикажат положени испити по предмети соодветни на наведените за да ги исполнат предусловите за соодветниот предмет.

По успешното завршување на сите десет предмети и остварени 60 кредити, студентот со претходно стекнати 180 ЕКТС кредити (или завршени тригодишни студии) продолжува со предметите од втората студиска година на постдипломски студии – Табела 3 (IX и X семестар).

 

3. Студии

Табела 3: Листа на предметите на постдипломски студии

РБ КОД / Предмет Семестар З/И ЕКТС
1 ИТ-З-01 Анализа на мрежи IX З 6
2 ИТ-З-02 Напредни мобилни и веб апликации IX З 6
3 ИТ-З-03 Интернет безбедност и приватност IX З 6
4 Изборен предмет IX И 6
5 Изборен предмет IX И 6
6 ИТ-З-04 DevOps во мрежна околина X З 6
7 Изборен предмет X И 6
8 Магистерска тема X З 18

 

Најмалку еден изборен предмет треба да се избере од понудените изборни предмети во Табела 4. Најмногу еден од изборните предмети може да се избере од Универзитетската листа на предмети од магистерски студии. Најмногу два изборни предмети може да се одберат од предмети понудени на останатите постдипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Табела 4: Изборни предмети

РБ Нов код / Предмет Семестар ЕКТС
1 ИТ-И-01 5Г: Безжични мобилни системи од петтата генерација IX 6
2 ИТ-И-02 Паралелно процесирање IX 6
3 ИТ-И-03 Менаџмент на ИКТ IX 6
4 ИТ-И-04 Е-бизнис IX 6
5 ИТ-И-05 Податочна визуелизација IX 6
6 ИТ-И-06 Анализа на мрежна безбедност IX 6
7 ЕИ-И-07 Парадигми за клиент сервер програмирање X 6
8 ИТ-И-08 Дигитален маркетинг X 6
9 ИТ-И-09 Напредни дистрибуирани и паралелни системи IX 6
10 ИТ-И-10 Управување со Интернет инфраструктура IX 6
11 ИТ-И-11 Паметни сензорски мрежи X 6
12 ИТ-И-12 Архитектури и сервиси за дистрибуција на видео содржини X 6
13 ИТ-И-13 Мрежна виртуелизација и пресметки во облак X 6
14 ИТ-И-14 Мрежна оптимизација IX 6
15 ИТ-И-15 Напредни теми од архитектури на компјутери X 6
16 ИТ-И-16 Управување со безбедносни инциденти IX 6
17 ИТ-И-17 Анализа на сајбер закани X 6
18 ИТ-И-18 Наука базирана на податоци IX 6
19 ИС-И-04 Mобилни веб сервиси IX 6
20 ИС-И-17 Колаборативни компјутерски системи X 6
21 ПС-И-08 Отворени и поврзани податоци X 6
22 ПС-И-05 Паметни енергетски мрежи IX 6

 

Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.