Димитар Китановски е роден во 1998 година во Битола. Основно образование завршил во ОУ „Гоце Делчев“ во Ресен, додека средно образование завршил во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ во Битола со континуиран одличен успех. За време на школувањето, учествувал на неколку натпревари и има освоено повеќе награди и признанија. Покрај школувањето има учествувано и на неколку практични настави во програмерски компании преку кои го надградувал своето знаење.
На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство се запишал во 2016 година. Во текот на последните две години од студиите работел како соработник на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Дипломирал во 2020 година со дипломски труд на тема „Систем за само-евалуација наменет за високо образование“, под менторство на проф. д-р Иван Чорбев. Истата учебна година, 2020/21 се запишува на постдипломски студии на ФИНКИ, на насоката Управување во информатички технологии. Од декември 2020 година е вработен на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство како демонстратор кој изведува аудиториски и лабораториски вежби.
Полиња на негов научно-истражувачи интерес се: машинско учење, вештачка интелигенција, обработка на природни јазици, наука базирана на податоци и софтверско инженерство.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК